Zafer Göder
27 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
БОЛУ (АА) - Фудбалскиот клуб Шкупи од Првата лига во Македонија се наоѓа на летен камп во турскиот град Болу во рамките на подготовките за новата сезона, јавува Anadolu Agency (AA).
ФК Шкупи се наоѓа на летен камп во еден хотел на планината Болу со екипа од 34 лица, заедно со претставниците на клубот, меѓу кои и тренерот Зекирија Рамадани.
Фудбалерите на Шкупи ги одржуваат тренинзите на стадионот од овој хотел, во рамките на подготвките за новата сезона.
Шкупи минатата сезона ја заврши на четвртата позиција од табелата, а првата фаза од кампот во Болу ќе трае до 3 јули.