Hüseyin Burak Demirer
11 Јуни 2019•Ажурирај: 12 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Пауло Фонсека стана новиот тренер на клубот од италијанската Прва фудбалска лига (Серија А), Рома, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на овој клуб, португалскиот тренер Фонсека потпишал 2+1-годишен договор со италијанскиот клуб.
Фонсека (46) претходно беше тренер на португалските клубови Пакос Фереира, Порто и Брага.
Пред да потпише договор со Рома, Фонсека во 2016 година беше тренер на клубот Шахтјор Донецк, со кој три години по ред стана шампион во Лигата и го освои украинскиот Куп.