02 Април 2023•Ажурирај: 03 Април 2023
МЕЛБУРН (АА) - Холандскиот пилот во болидот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Австралија, трета трка од Светското првенство во Формула 1, јавува Анадолу.
На патеката Алберт Парк во Мелбурн, долга 5,2 километри, денес се возеше трката на чиј крај Верстапен имаше најдобро време (2:32:38.371).
Втор беше возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, со заостанување од 0,179 секунди, додека третата позиција во Мелбурн му припадна на шпанскиот возач на болидот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, со заостанување од 0,789 секунди. Четвртата позиција му припадна на Ленц Строл, исто така, од Астон Мартин, а петти беше возачот на Ред Бул, Серхио Перез.
Следната и четврта трка од сезоната во Формула 1 ќе се вози од 30 април за Големата награда на Азербејџан.