Bakir Tiro
03 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
БУДИМПЕШТА (AA) - Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) гласаше денес за прием на Косово во Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), потврдија од ФФМ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во врска со гласањето за прием на Косово во УЕФА гласавме во интерес на Фудбалската федерација на Македонија и фудбалот во целина". Ова е официјална изјава на делегацијата на ФФМ која присуствуваше на денешниот Конгрес на УЕФА, одржан во Будимпешта, а која ја сочинуваа претседателот Илчо Георгиевски, потпретседателот Мухамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски.
Фудбалскиот сојуз на Косово денес со тајно гласање е примен во Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). На 40-Конгрес на УЕФА во Будимшешта за приемот на Косово гласаа 28 членки, 24 беа против и две беа воздржани. За прием на нова членка беше потребно просто мнозинство или 28 гласови од вкупно 54 членки на УЕФА.