Bedrudin Brlyavac
03 Мај 2016•Ажурирај: 04 Мај 2016
БУДИМПЕШТА (AA) - Откако во вторник Фудбалскиот сојуз на Косово (ФСК) е примена во членството на Европската фудбалска организација (УЕФА) генералниот секретар на ФСК Ерол Салиху на новинарите во Будимпешта им рече дека ова е многу важен момент за Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
„ Важно е да станавме 55-та членка на УЕФА. Сега сакаме да станеме и членка на ФИФА", на 12 мај во Мексико", истакна Салиху.
Нагласи дека во наредниот период е важно фудбалската селекција на Косово да постигнува добри резултати во натпреварите кои ќе се играат.
"Целта е да се зајакне националниот тим, како и клубовите да бидат успешни во европските натпревари", рече генералниот секретар на ФСК.
Група граѓани од Косово по денешната одлука денешната на улиците на Будимпешта го прославија приемот на Косово во членство на Европската фудбалската оргаанизација (УЕФА).
На 40-Конгрес на УЕФА кој се одржува во Будимпешта, главниот град во Унгарија за прием на Косово гласаа 28 членки. За прием на нови членки беше потребно просто мнозинство или 28 гласа од вкупно 54 членки на УЕФА. Приемот во УЕФА е предуслов за прием во Светската фудбалска федерација (ФИФА).