Mutlu Demirtaştan
04 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во американската НБА-лига, екипата на Кливленд Кавалирс, во која игра охриѓанецот Џеди Осман, извојува победа над Орландо Меџик со резултат 107 : 93, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 8 натпревари во американската Национална кошаркарска лига НБА. Кливленд Кавалирс против Орландо Меџик извојува победа со резултат 107 : 93, а охриѓанецот Џеди Осман на теренот измина 34 минути и 5 секунди, постигнувајќи 14 поени, 6 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки.
Кавалирс ја извојуваа својата 16. победа сезонава, а најефикасни беа Џордан Кларсон со 18 поени, Колин Скекстон со 17 и Кевин Лав со 16 поени.
Никола Вучевиќ со 28 поени и Ди Џеј Огастин со 19 поени, беа најефикасни во Орландо, но не успеаја да го спречат поразот.

- Харден постигна 42 поени против Селтикс
Тимот на Хјустон Рокетс на гостински терен извојува победа над Бостон Селтикс со резултат 104 : 115. Рокетси ја извојуваа својата 38. победа сезонава, 5-та едноподруго, а најголем придонес за тоа даде Џејмс Харден, кој постигна 42 поени, 7 скока и 4 асистенции. Ова е 24. пат сезонава како на Харден му успева да постигне повеќе од 40 поени на еден натпревар. Свој прилог во победата на Рокетси дадоа и Ерик Гордон со 32 поени, 3 скока и 3 асистенции и Крис Пол со дабл-дабл од 15 поени, 12 асистенции и 6 скока.
Бостон Селтик го доживеа својот 26-ти пораз сезонава, а добар перформанс прикажаа Кари Ирвинг со 24 поени, 9 скока и 6 асистенции и Ал Хорфорд со 19 поени и 6 скока.
За вечерва се закажани 7 натпревари.
Резултати:
Шарлот Хорнетс - Портланд Треил Блејзерс 108 : 118
Бостон Селтикс - Хјустон Рокетс 104 : 115
Чикаго Булс - Атланта Хоукс 118 : 123
Лос Анџелес Клиперс - Њујорк Никс 128 : 107
Кливленд Кавалирс - Орландо Меџик 107 : 93
Детроит Пистонс - Торонто Рапторс 112 : 107 (продолжетоци)
Вашингтон Визардс - Минесота Тимберволвс 135 : 121
Оклахома Сити Тандер - Мемфис Гризлис 99 : 95