Yunus Kaymaz
27 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во американската професионална кошаркарска лига НБА, Вашингтон Визардс на домашен терен ја совлада Хјустон Рокетс, со 135:131, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 7 натпревари во НБА. Џејмс Харден постигна дабл-дабл од 54 поени, 13 асистенции и 8 скока, но тоа не беше доволно за да го спречи поразот на Рокетси на гостинскиот терен на Визардс во продолжението од натпреварот. Кај домашната екипа најпрецизни беа Џон Вол со дабл-дабл од 36 поени и 11 асистенции, и Бредли Бил со 32 поени.
Голден Стејт Вориорс на домашен терен ја совлада екипата на Орландо Меџик, со 116:110, и ја извојува својата трета последователна победа.
Кевин Дурант постигна 49 поени за Вориорс, додека Клеј Томсон постигна 29 поени. Во гостинската екипа се истакнаа Никола Вучевиќ со дабл-дабл од 30 поени и 12 скока.
Кливленд Кавалирс на домашен терен загуби од Минесота Тимберволвс, со резултат 95:102. Во редовите на Кливленд настапи и турскиот репрезентативец, охриѓанецот Џеди Осман, постигнувајќи 8 поени, 6 скока и 2 асистенции.
Во редовите на Кливленд најпрецизни беа Кајл Корвер, со 22 поени и Родни Худ, со 20 поени. Најпрецизни во редовите на Минесота беа Роберт Ковингтон, со 24 поени и Карл Ентони Таунс, со 21 поен.
- Резултати -
Шарлот Хорнетс - Милвоки Бакс 110:107
Кливленд Кавалирс - Минесота Тимберволвс 95:102
Вашингтон Визардс - Хјустон Рокетс 135:131
Чикаго Булс - Сан Антонио Спарс 107:108
Њу Орлеанс Пеликанс - Бостон Селтикс 107:124
Јута Џез - Индијана Пејсерс 88:121
Голден Стејт Вориорс - Орландо Меџик 116:110