Yunus Kaymaz,Oktaj Omeragikj
13 Октомври 2022•Ажурирај: 13 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Со одигрувањето на синоќешните натпревари, комплетирано е 4. коло во УЕФА Лигата на шампиони, известува Агенција Анадолија (АА).
Во европското најпрестижно фудбалско клупско натпреварување, УЕФА Лигата на шампиони, синоќа се одиграа натпреварите во групите А, Б,Ц и Д, со што е комплетирано 4. коло.
Едно од дербијата на колото беше синоќешниот дуел во кој Барселона на домашен терен ја пречека екипата на Интер. Натпреварот заврши без победник, 3:3, но љубителите на фудбалот имаа можност да уживаат во убавата и неизвесна борба меѓу двата тима. Барселона поведе со 1:0 благодарение на голот што го постигна Осман Дембеле во 40. минута. Со овој резултат и се замина од првото полувреме. Во второто полувреме Интер направи резултатски пресврт, прво, изедначувајќи го резултатот на 1:1 во 50. минута со голот на Николо Барела, а веќе во 63. минута поведе со 1:2 со погодокот што Лаутаро Мартинез го постигна по асистенцијата на Хакан Чалханоглу.
Роберт Левандовски во 82. минута од средбата го постигна својот прв гол за изедначување на резултатот на 2:2. Барселона започна да прави притисок на голот на Интер, но италијанскиот претставник успеа да се одбрани и да ја казни неефикасноста на Барселона, поведувајќи со 2:3 со голот на Робин Госенс во 89. минута од натпреварот.
И кога сите помислуваа дека Интер ќе си замине од „Камп ноу“ со 3 бода, Левандовски во судиското продолжение од 90+2 минути успеа со глава да постигне гол за изедначување на резултатот на 3:3 и обезбедување еден бод на домашен терен.
Тимот на Викторика Плзен на домашен терен го пречека Баерн Минхен. Гостите првото полувреме го завршија со резултат од 4:0, а погодоците за Баерн ги постигнаа Садио Мане во 10. минута, Томас Милер во 14., а Леон Горецка постигна два гола, во 25. и 35. минута од натпреварот.
Првиот гол за Викторија Плзен и резултатот од 1:4 го постигна Адам Влканова во 62. минута, а Јан Климент во 75. минута од средбата постигна гол за 2:4, резултат со кој заврши средбата. Со оваа победа Баерн Минхен постигна максимални 12 бода во групата и обезбеди пласман во осминафиналето на Лигата на шампиони.
Екипата на Ливерпул, која сезонава не ја започна како што посакуваше, му гостуваше на Ренџерс. Домаќините поведоа со 1:0 во 17. минута со голот на Скот Арфилд, но не успеаја да ја сочуваат предноста. Ливерпул во потполност ја презеде играта во свои раце и со резултатот од 1:7 му нанесе тежок пораз на Ренџерс. Ливерпул поведе со 1:2 со головите на Роберто Фирмино во 24. и 55. минута. Дарвин Нуњез зголеми на 1:3 во 66. минута, а Египќанецот Мохамед Салах оствари хек-трик постигнувајќи три гола во 75., 80. и 81. минута од средбата за 1:6. Конечните 1:7 ги постави Харви Елиот со голот во 87. минута.
Фудбалската ѕвезда Салах, кој на теренот влезе во 68. минута од натпреварот, постигна три погодоци за само 6 минути, со што постави нов рекорд на најбру постигнат хек-трик во УЕФА Лигата на шампиони.
Резултати од синоќа одиграните средби од 4. коло во групите А, Б, Ц и Д на ЛШ:
Група А
Наполи - Ајакс 4:2
Ренџерс - Ливерпул 1:7
Група Б
Атлетико Мадрид - Клуб Бриж 0:0
Баер Леверкузен - Порто 0:3
Група Ц
Викторија Плзен - Баерн Минхен 2:4
Барселона - Интер 3:3
Група Д
Спортинг - Олимпик Марсеј 0:2
Тотенхем - Ајнтрахт Франкфурт 3:2