Yunus Kaymaz
08 Септември 2018•Ажурирај: 09 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - На последниот годинашен тениски грен слем турнир сезонава, УС Опен, во финалето во поединечна машка категорија во финалето ќе се сретнат Аргентинецот Мартин дел Порто и Србинот Новак Ѓоковиќ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во првото полуфинале на турнирот што се одржува во американскиот град Њујорк, Шпанецот Рафаел Надал, кој е светски рекет број еден на машката АТП-листа, се сретна со Аргентинецот Дел Порто.
Триесет и двегодишниот Надал при резултат од 2 : 0 во сетови за Дел Порто, кој е третопласиран на светската АТП-листа, поради повреда на коленото го предаде мечот, со што Дел Порто избори пласман во финалето на УС Опен.
Во второто полуфинале силите ги одмерија Ѓоковиќ, шесторангираниот на светската тениска АТП-листа, и Јапонецот Нишикори. Ѓоковиќ извојува победа од 3 : 0, по сетови 6 : 3, 6 : 4 и 6 : 2 и се пласираше во финалето на УС Опен.
Финалето меѓу Дел Порто и Ѓоковиќ ќе се одигра утре, недела, 9 септември.