Erbil Başay
11 Февруари 2020•Ажурирај: 12 Февруари 2020
БЕРЛИН
Јирген Клисман, некогашната фудбалска ѕвезда и освојувач на Светскиот фудбалски куп 1990 година, како играч во репрезентацијата на тогашна Западна Германија и освојувач на европската титула со репрезентацијата на обединета Германија 1996 година, поднесе оставка по 11 недели поминати на тренерската позиција во Херта Берлин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Клисман преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави дека на барање на раководството на Херта Берлин, кон крајот на ноември го презел клубот и со голема поддршка на голем број лица, за кусо време имале добар успех.
Клисман во објавата вели дека како тренер имал потреба од доверба и истакна дека покрај адаптацијата и имањето фокус, за опстанокот во лигата потребна е заедничка борба, додавајќи дека без тоа како технички директор нема да може да го искористи целиот потенцијал и нема да може да ја исполни својата одговорност кон клубот.
Затоа, по подолго размислување, Клисман одлучил да ја напушти позицијата тренер на Херта Берлин, наведувајќи дека по ова ќе се врати на позицијата супервизор во клубот.
Клисман истакна дека е уверен дека Херта ќе ја исполни својата цел и ќе остане во лигата.
Во соопштението што го даде клубот, во кое се потврдува оставката на Клисман, се вели „Овој развој на настаните нѐ зачуди ова утро.“
Во соопштението се вели дека тренерската позиција во клубот ќе ја преземе Александар Нури.
Херта Берлин со 23 поени се наоѓа на 14. позиција во германската Бундес лига. Под водство на Клисман, клубот одигра 9 натпревари, постигнувајќи 12 поени.
Во сезоната 2004 - 2006 Клисман беше тренер на Германската фудбалска репрезентација со која го освои третото место на Светското фудбалско првенство 2006 година кое се одржа во Германија. Клисман беше тренер на Баерн Минхен во сезоната 2008-2009 и тренер на фудбалската репрезентација на САД во периодот 2011 - 2016 година.
Клисман на тренерската позиција на Херта Берлин застана на 27 ноември 2019 година.