Selçuk Buğra Gökalp
25 Мај 2022•Ажурирај: 26 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Англиската Премиер лига денеска го прогласи Јирген Клоп за менаџер на сезоната 2021/22, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ливерпул, кој заостануваше 14 бода зад Манчестер Сити во јануари, остана како кандидат за титулата до последната недела од сезоната. Тој ја загуби титулата од Манчестер Сити со еден бод.
Ова е втора награда за Клоп по сезоната 2019/20 кога го предводеше Ливерпул до неговата прва титула во Премиер лигата.
„Црвените“, кои оваа сезона ги освоија Лига купот на Англија и ФА купот, ќе се сретнат со Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА в сабота.