„Анадолу се трансформира во медиумска технолошка компанија“, истакна Караѓоз, извршниот директор на АА
– „Медиумската индустрија помина низ три големи трансформации - интернет-револуцијата, подемот на социјалните медиуми, и сега, според мене, најзначајната досега: вештачката интелигенција“, истакна извршен директор на Анадолу, Сердар Караѓоз

БРИСЕЛ/ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Управниот одбор и извршен директор на Анадолу, Сердар Караѓоз, денес изјави дека агенцијата активно користи вештачка интелигенција (ВИ) за да ги диверзифицира и зајакне своите новинарски активности, додека преминува во фаза на трансформација кон медиумска технолошка компанија, јавува Анадолу.
Караѓоз учествуваше на состанокот организиран од Европската алијанса на новински агенции (EANA) во Европскиот парламент, под наслов „Европските медиуми во ерата на вештачката интелигенција: Предизвици, можности и визија за иднината“.
Говорејќи по настанот, Караѓоз изјави дека Европскиот парламент работи на создавање регулативи за тоа како вештачката интелигенција ќе се применува во медиумската сфера, додавајќи дека новинските агенции го споделиле своето мислење за потребните правни рамки во секторот.
„Медиумската индустрија помина низ три големи трансформации - интернет-револуцијата, подемот на социјалните медиуми, и сега, според мене, најзначајната досега: вештачката интелигенција“, рече тој.
„Агенцијата Анадолу ја стави вештачката интелигенција во центарот на своето работење во 2024 година. Со помош на ВИ, ги зајакнуваме и прошируваме нашите новинарски капацитети. Ја претвораме Анадолу во медиумска технолошка компанија. Тоа е пораката што ја донесовме тука“, додаде Караѓоз.
Во рамки на неговата посета на Брисел, Караѓоз се состана и со постојаниот претставник на Туркије во Европската Унија, амбасадорот Фарук Кајмакчи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.