Yunus Türk
08 Октомври 2026•Ажурирано: 08 Октомври 2026
Извозот на Турција во балканските земји во периодот јануари-септември годинава достигна 18 милијарди 877 милиони и 281 илјада долари, а земја во која е реализиран најголем извоз е Романија, со 5 милијарди 491 милион и 32 илјади долари, јавува Анадолу.
Според податоците на Собранието на турските извозници (ТИМ) што ги собра новинарот на Анадолу, извозот на Турција во периодот јануари-септември годинава се зголемил за 5,2 отсто во споредба со истиот период минатата година, од 200,5 милијарди долари на 210,9 милијарди долари.
Во периодот јануари-септември во балканските земји, меѓу кои се Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Романија, Србија, Словенија и Грција, е реализиран извоз во вредност од 18 милијарди 877 милиони и 281 илјада долари. Со тоа извозот на Турција во балканските земји во наведениот период е зголемен за околу 121 милион и 181 илјада долари.
Во периодот јануари-септември, меѓу балканските земји најголем извоз е реализиран во Романија, во вредност од 5 милијарди 491 милион и 32 илјади долари.
По Романија следуваат Бугарија со 3 милијарди 913 милиони и 291 илјада долари, Грција со 2 милијарди 573 милиони и 771 илјада долари, Словенија со 2 милијарди 156 милиони и 498 илјади долари и Србија со 1 милијарда 551 милион и 645 илјади долари.
- Автомобилската индустрија се издвојува меѓу секторите во извозот во балканските земји -
Во периодот јануари-септември извозот во осум балкански земји е зголемен, а во три е забележан пад. Во овој период извозот во Босна и Херцеговина е зголемен за 19,9 отсто, во Бугарија за 16 отсто, извозот во Словенија е намален за 13,1 отсто, а во Романија за 5,5 отсто.
Во ист период, меѓу секторите во извозот во балканските земји се издвојува автомобилската индустрија. Извозот на секторот во земјите од регионот е намален за 6,2 отсто во споредба со ист период минатата година, од 3 милијарди 713,7 милиони долари на 3 милијарди 485,3 милиони долари.
По автомобилската индустрија следуваат хемиските супстанции и производи со 2 милијарди 834,1 милион долари и челикот со 2 милијарди 763,8 милиони долари.
- Истанбул е на прво место во извозот во балканските земји -
Во периодот јануари-септември во извозот на Турција во балканските земји се издвојуваат Истанбул, Коџаели, Анкара, Бурса и Измир. Вкупниот извоз на овие 5 провинции во земјите од регионот изнесува 14 милијарди 337 милиони и 734 илјади долари.
Во првите 9 месеци од годината најголем извоз во балканските земји е реализиран од Истанбул, во вредност од 6 милијарди 976 милиони и 749 илјади долари.
По Истанбул следуваат Коџаели со 3 милијарди 552 милиони и 180 илјади долари, Анкара со 1 милијарда 594 милиони и 275 илјади долари, Бурса со 1 милијарда 391 милион и 536 илјади долари и Измир со 822 милиони и 994 илјади долари.