Ferdi Türkten
28 Април 2019•Ажурирај: 29 Април 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција и генерален претседател на Партија за правда и развој (АK Parti), Реџеп Таип Ердоган, истакна дека неговата земја нема да се предаде пред економскиот терор, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган имаше свое обраќање на 28. Консултативен и оценувачки состанок на партијата во Анкара. Ердоган изјави: „Како што не се предадовме пред вооружениот и дипломатски терор, не се предадовме ниту пред економскиот терор, ниту ќе се предадеме.“
Осврнувајќи се на изминатиот перид, Ердоган за сите потешкотии со кои се соочуваат, рече „Сите тешки тестови со кои се соочивме, уште еднаш нѐ потсетија дека никогаш нема да се откажеме од проектот за изградба на голема и моќна Турција. Уште еднаш увидовме дека или ќе го сториме тоа, или ќе умреме, за ова друга опција нема.“
Ердоган за турската економија од почетокот на годината, изјави: „Во првиот квартал од годината продолжи стабилизацијата во економијата. Кога ќе ги погледнеме индикаторите, може да се забележи дека постои позитивен тренд на раст.“
За економската војна кон Турција, Ердоган истакна дека она што во одреден период претставуваа ракетите, бомбите и куршумите истрелани кон турската граница, истото се случува со нападите врз турската економија во последните месеци.
Ердоган се осврна и на моќта на турската економија, велејќи: „Турција каква што е на секое поле, таква е и на полето на економијата, така, и делот од ледената санта што не се гледа, е многу поголем од делот кој се гледа.“
Претседателот Ердоган потсети дека пред Турција е период од четири години без избори и истакна дека се посветени да ги реализираат една по една сите структурни реформи кои се потребни.
Околу обидите за прикажувањето на проектите околу Турција 2023 како неостварлив сон, претседателот Ердоган го кажа следното „Некои упорно се обидуваат да ги прикажат нашите цели за 2023 како некаков сон, привидение. Всушност, доколку сите ние работиме заедно и веруваме во овие цели, можно е да се оди и подалеку од визијата за 2023.“