Esra Tekin
02 Јуни 2024•Ажурирај: 03 Јуни 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека мора да биде запрен израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој го вовлекува целиот регион и светот во катастрофа, известува Анадолу.
„Мора да биде запрен овој варвар, разбојник, крвожеден и алчен човек по име Нетанјаху, кој го влече нашиот регион и целиот свет во катастрофа“, рече Ердоган за време на неговиот говор во Анкара.
Ердоган посочи дека Република Туркије се спротивставува на угнетувањето и масакрот врз Палестинците и неправдата која трае 76 години на сите платформи.
„Со сите наши средства стоиме покрај палестинскиот народ“, рече Ердоган.
Турскиот претседател во оваа прилика најави и дека Туркије решително ја продолжува борбата против тероризмот.
„Туркије не може да најде мир или да се чувствува безбедно додека не се исушат мочуриштата што создаваат терор во северите делови на Ирак и на Сирија“, порача Ердоган.