Kemal Karadağ
28 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
КОЊА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган денес во Коња порача дека оние кои се вознемирени поради препородувањето и големиот подем на Турција, се обидуваат со терористички организации да го попречат патот на неговата земја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Оние кои се вознемирени поради препородувањето и големиот подем на Турција, пружајќи рака на терористичките организации се обидуваат да ни го попречат патот и да не стават во тесната кошула која тие ја кројат“, изјави Ердоган и продолжи:
„Оние кои Турција ја прашуваат: 'Што барате во Ирак, Сирија, Сомалија, Африка, Балканот, Кавказ?' треба да ги прашаме: А што правите вие тука? Бидејќи тие немаат никакви проблеми, ниту ги боли нешто поради тие региони. Бидејќи, ние со целото ова поднебје имаме многу силни историски и човекови врски. Наша должност е да ги избришеме солзите и да го помилуваме секое дете кое ќе заплаче во овие региони“, порача турскиот претседател Ердоган.
Тој изјави дека Турција е свесна за своите сили, можности и способности.
„Некои се бесни поради фактот што турскиот народ повторно е свесен на својата вистинска моќ и за своите граници.Турскиот народ, заедно со стотици милиони свои браќа, е одлучен да го заземе местото кое го заслужува во новоформираниот свет “, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.