Турција

„Одлуката на Израел да ги 'легализира' населбите на окупираниот Западен Брег го прекршува меѓународното право“

- „Овие чекори покажуваат дека Израел се обидува да ја направи окупацијата трајна и нема намера да постигне мир“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Serdar Dincel  | 05.07.2024 - Обновена : 06.07.2024
„Одлуката на Израел да ги 'легализира' населбите на окупираниот Западен Брег го прекршува меѓународното право“

ИСТАНБУЛ (АА) - Турското Министерство за надворешни работи денес соопшти дека одлуката на Израел да „легализира“ некои населби и да одобри нови станбени единици на окупираниот Западен Брег претставува флагрантно кршење на меѓународното право, јавува Анадолу.

„Овие чекори покажуваат дека Израел се обидува да ја направи окупацијата трајна и нема намера да постигне мир“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се повикува глобалната заедница да заземе „цврст и принципиелен став против обидите на Израел да ја нормализира окупацијата“.

Израелскиот кабинет минатата недела ги одобри чекорите предложени од министерот за финансии, Безалел Смотрич, со цел да се „легализираат“ населбите на Западниот Брег и да се воведат санкции за палестинската управа.

Официјалниот израелски радиодифузен орган КАН на 28 јуни објави дека израелскиот безбедносен кабинет го одобрил планот на Смотрич да се спротивстави на признавањето на палестинската државност и постапките против Израел пред меѓународните судови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.