Седумдесет и осумгодишен земјоделец рачно изработува минијатури на земјоделски машини за да ги зачува од заборав
- Користејќи отпадни материјали од дрво и метал, Јилдирим со свои раце прави минијатури на воловски коли, вршалки и земјоделски алатки што се користеле во минатото
Sinan Uçar
28 Мај 2026•Ажурирано: 28 Мај 2026
photo: Sinan Uçar / AA
ЃУМУШХАНЕ
Химет Јилдирим, 78-годишен земјоделец што живее во областа Келкит во турскиот град Ѓумушхане, во работилницата во својот дом рачно изработува минијатури на земјоделски алати и машини што ги користел во минатото, со цел да не бидат заборавени, јавува Анадолу.
Јилдирим, кој заработува за живот од земјоделството и сточарството во селото Дерејузу, пред околу десет години направил работилница во својот дом.
Цел му е да го спаси од заборав руралниот начин на живот на кој бил сведок во младоста.
Користејќи отпадни материјали од дрво и метал, Јилдирим со свои раце прави минијатури на воловски коли (стари традиционални дрвени превозни средства што ги влечеле волови), вршалки (машини за вршење и чистење жито) и земјоделски алатки што се користеле во минатото.
Фотографија : Sinan Uçar/AA
Јилдирим, кој користи дупчалка, турпија, нож и разни рачни алатки, наедно пишува и песни што опишуваат многу војни.
За АА тој раскажа дека ја сака и историјата и дека чита многу книги.
Наведувајќи дека во младоста работел на нивите, Јилдирим рече: „Со воловска и коњска кола одевме на пасиштата, на нивите. Имавме наше пасиште под планината Чимен. Беше оддалечено 27-28 километри. Со големи тешкотии одевме и со дрвена и коњска кола. Потоа почнавме да одиме со моторни возила.“
Истакнувајќи дека со помош на обични рачни алатки може да изработи најразлични минијатури, Јилдирим рече:
„Сакав идните генерации да видат и да запомнат дека ’порано животот вака се одвивал‘. Тој што не си го знае минатото, не може да ја знае ни иднината. Ги направив овие работи за да останат спомен.“
Наведувајќи дека пишува и песни за важни настани од турската историја, Јилдирим рече дека татковината не е лесно стекната и дека овие песни ги пишува со цел историјата да ја одржи жива.
Јилдирим додаде дека некои од земјоделските минијатури ги подарил, а некои ги чува за своите внуци.