Diyar Güldoğan
03 Јуни 2026•Ажурирано: 03 Јуни 2026
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес пристигна во Индонезија, во рамките на неговата азиско-пацифичка турнеја, јавува Анадолу.
Фидан беше пречекан од индонезискиот колега Сугионо во главниот град Џакарта.
За време на разговорите со високите претставници, Фидан ќе се осврне на проширувањето на билатералната соработка меѓу двете земји, унапредување на трговските и одбранбените односи, како и за соочувањето со регионалните и глобалните безбедносни предизвици.
Сугионо изјави дека „секогаш е задоволство“ да се пречека Фидан во Џакарта.
„Индонезија и Турција се две земји што стојат заедно тогаш кога е најпотребно и Индонезија длабоко ги цени цврстата поддршка и солидарност на Турција во одбраната на нашите заеднички принципи“, напиша тој на американската платформа за социјални медиуми Х.
Турција е една од првите земји што ја призна независноста на Индонезија. Дипломатските односи беа воспоставени во 1950 година, а турската амбасада во Џакарта е отворена во 1957 година.
Советот за стратегиска соработка на високо ниво меѓу Турција и Индонезија е основан во 2022 година за време на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Бали, по повод самитот на лидерите на Г-20.