Fatma Zehra Solmaz
09 Јули 2026•Ажурирано: 09 Јули 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара го пречека премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, јавува Анадолу.
Спајиќ престојува во Анкара по повод учеството на 36. Самит на шефови на држави и влади на земјите членки на НАТО, организиран од Турција, а кој се одржа во Претседателскиот комплекс и заврши вчера.
На средбата со Ердоган присуствуваа министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, заменик-претседателот и портпарол на Партијата на правдата и развојот (АК партија) Омер Челик и директорот за комуникации Бурханетин Дуран.
Собирот во Анкара е втор самит на НАТО чиј домаќин е Турција, по самитот во Истанбул во 2004 година.
Самитот, исто така, претставуваше платформа за билатерални средби меѓу Турција и сојузничките земји за соработка во областа на политиката, безбедноста и економијата.