Kemal Karadağ
03 Февруари 2022•Ажурирај: 04 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа 9 терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои биле во подготовка за напад во регионот на „Извор на мирот“ во северниот дел на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Девет терористи на ПКК/ЈПГ кои се обидоа да го нападнат регионот на „Извор на мирот“ се неутрализирани од нашите херојски командоси“, се вели во соопштението на Министерството.
Од 2016 година Анкара реализира три успешни прекугранични антитерористички операции во Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи мирна средина за жителите. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК