Meltem Bulur
13 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за Европска Унија, Омер Челик, рече дека изјавата на европската комесарка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини за скандалот што се случи во саботата во холандскиот град Ротердам е погрешна и без ефект, јавува Anadolu Agency (AA).
Ресорниот турски министер остро реагираше на денешната заедничка изјава на еврокомесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан, кои во врска со скандалот во Холандија повикаа на взаемно змирување на тензиите меѓу Турција и некои членки на Унијата.
Нагласувајќи дека тоа е сосема аполитички став и изјава која има за цел да го прикрие случајот, Челик рече дека ова не е изјава каква што се очекува од комесарката Могерини.
„Исто како и во случајот за неуспешениот обид за воен удар, ниту оваа изјава на комесарката Могерини нема тежина, ниту ефект. Ова е сосема погрешна изјава и на вистински начин го карактеризираше целиот случај. Тоа не е јазикот кој треба да го користи еден висок комесар на Унијата“, рече турскиот министер за Европска Унија Омер Челик.
Челик денес во седиштето на министерството оствари средба со медиумите, и притоа предупреди дека понатамошното зајакнување на радикалните десничарски и фашистички партии во Европа може да ги загрози националните интереси на Турција, но и во целиот свет.
„Скандалозните потези на холандската влада се само показатели за тоа колку Европа е далеку од темелните вредности, и во каква Европа на дивеење се претвора. Неопходно е да се интензивираат напорите и политиките кои се спроведуваат во насока на зачувување на вредностите и демократијата во Европа“, рече Челик.
Осврнувајќи се на договорот за решавање на бегалската криза, кој беше потпишан меѓу Европската Унија и Турција, тој потсети дека како дел од пакетот на тој договор е прифаќање мигранти од Европа во Турција, воведување безвизен режим за Турција во ЕУ, и три милиони евра помош која ЕУ и ја вети на Турција за згрижување на бегалците.
Истакнувајќи дека ЕУ не ги почитува своите преземени обврски, Челик нагласи дека е дојдено до една ситуација ниту Турција да нема обврски кон ЕУ, но дека официјална Анкара во овој случај се однесува од аспект на нејзината хуманитарна обврска да им помогне на луѓето во неволја.
„Со договорот се реши проблемот со бродоломот на мигранти во Егејското Море и Турција на некој начин го спаси човештвото. Но, како што реков, мислам дека Турција треба да го ревидира особено прашањето во врска со движењето на мигрантите преку копнените граници“, заклучи Челик.