Sena Güler
13 Февруари 2021•Ажурирај: 14 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ/АДАНА/АНКАРА
Турските безбедносни сили уапсија 100 лица, осомничени дека се поврзани со терористичката организација ПКК, наведоа безбедносните извори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата истовремено изврши рации на 28 локации во Истанбул во југоисточната област Дијарбакир во рамките на истрагата која ја покрена главното државно обвинителство во Истанбул.
Досега во таа операција уапсени се 24 осомничени лица.
Во јужната област Адана, обвинителите издадоа потерница за 30 осомничени како дел од истрагата против терористичката организација, рече друг извор барајќи да остане анонимен.
Најмалку 25 осомничени за кои се тврди дека се вклучени во терористички активности и пропагирање на тероризмот, уапсени се во повеќе наврати.
Во главниот град Анкара издадени се налози за апсење на 10 сириски државјани кои активно работат за терористичката организација ПКК, наведено е од главното државно обвинителство.
Утврдено е дека поединци претходно работеле како курири и соработници на ЈПГ во сирискиот огранок ПКК.
Девет осомничени се уапсени во акцијата, во која се запленети многу организациски документи и дигитален материјал.
Во втората операција со седиште во Газиантеп, која е спроведена во пет други области, 42 осомничени лица се уапсени во рамките на истрагата против терористичката организација ПКК.
Во текот на терористичката кампања која трае повеќе од 30 години, насочена против Турција, ПКК која е на листата на терористичките организации во Турција, САД, ЕУ, одговорна е за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и постари лица.