Mücahithan Avcıoğlu
13 Август 2026•Ажурирано: 13 Август 2026
Аеродромот Истанбул го собори историскиот дневен рекорд по бројот на патници во Турција и Европа, соопшти министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу, јавува Анадолу.
Во објава на турската платформа за социјални медиуми „НСосијал“, Уралоглу соопшти дека аеродромот на 9 август опслужил 289.732 патници.
„Нашиот аеродром во Истанбул на 9 август опслужи 289.732 патници, со што повторно е забележан највисокиот број на дневни патници досега во Турција и Европа“, рече тој.
„Со силната транспортна инфраструктура што ја изградивме, ја зајакнуваме позицијата на Истанбул како глобален воздухопловен центар“, додаде тој.