Sarp Özer
05 Март 2019•Ажурирај: 07 Март 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана Турција Хулиси Акар, се состана со специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија, Џејмс Џефри, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за одбрана на Турција, на средбата Акар и Џефри разговарале за неодамнешните настани во Сирија, особено во Мунбич и источнио дел на Еуфрат.
„На средбата министерот Акар ги нагласи очекувањата на Турција за брзо завршување на мапата на патот за Мунбич, чувствителноста за територијалниот интегритет на Сирија, да нема терористички елементи на ПКК/ЈПГ на безбедната област источно од Еуфрат и потребата безбедноста да се обезбеди од страна на Турција", се вели во соопштението
„Безбедноста на границите на Турција и на нашиот народ се од суштинско значење, борбата на Турција е против терористите на ДЕАШ и ПКК/ЈПГ, ние немаме никакви проблеми со курдските-арапски браќа и другите етнички/религиозни групи исто така беа пренесени нашите мислења дека двете земји работејќи заедно можат да ги решат проблемите“, се наведува соопштението на Министерството за одбрана на Турција.