Sibel Uğurlu
06 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 21 осомничен се приведени поради рекет наменет за помагање во финансирањето на терористичката организација ПКК/КЏК во опсежна акција во главниот турски град, Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносните извори соопштија дека операцијата била насочена кон 25 осомничени лица во населбите Алтиндаг и Улус во Анкара, меѓу кои е и нивниот водач.
Осомничените се товарат за изнудување пари од местата за забава, од таксисти и сопственици на продавници, во корист на терористичката организација ПКК/КЏК.
Околу 300 припадници на безбедносните сили поделени во 60 тимови истовремено извршија упад на 35 адреси.
Операциите се во тек со цел фаќање на останатите осомничени.