Selen Temizer,Mohamad Misto,Levent Tok
16 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - СЕЛЕН ТЕМИЗЕР/ЛЕВЕНТ ТОК/МУХАМЕД МИСТО -
Во сирискиот град Африн, на границата со Турција, се наоѓаат меѓу осум и 10.000 терористи на ПЈД/ПКК. Откако Турција најави акција во Африн, тамошните терористи излегоа од камповите и се инфилтрираа меѓу локалното население или се сокрија во терористичките засолништа, пишува Anadolu Agency (AA).
Африн се наоѓа на крајниот северозападен дел на Сирија, еден од најголемите градови на покраината Алепо, а се простира на територија од 2, 290 квадратни километри.

Според последниот попис на населението, пред почетокот на војната во Африн живеле 178.000 жители. Поради миграциите бројот на жители во Африн е зголемен на 750.000.
Источно од Африн се наоѓа Тел Рифат, со поголем дел арапско население, кој е под окупација на терористите на ПЈД/ПКК, и Азаз кој е контролиран од опозициската војска. Јужно од Африн се наоѓа Идлиб, исто така под контрола на сириската опозиција.
Во перидот на владеење на поранешниот сириски претседател Хафез ал-Асад, додека другите курдски политички движења се организираа во Хасека и околината, Абдула Оџалан, сега осудениот лидер на ПКК, како цел го покажа Африн.
Африн е меѓу првите делови на сириската територија над кој оваа терористичка организација воспостави контрола, а тоа се случи по јули 2012 година. Африн оттогаш важи за второ гнездо на терористичката организација по планината Кандил.
Според информациите до кои дојде АА, во Африн во моментот се наоѓаат од осум до 10.000 терористи на ПЈД/ПКК. Во овој регион моментално нема припадници на американската војска, но во западните делови на Африн како Тел Рифат, Тел Аџар, Кефер Џене и аеродромот Миниг се наоѓаат околу 100 припадници на руската воена полиција
Високите делови на Африн кои се протегаат од планините Нур од турскиот град Хатај, за Африн претставуваат природен штит. Но, возвишенијата околу Африн исто така на терористите им овозможуваат директно дејствување на целиот турски град Килис и делумно на Хатај.
Планините околу Африн со планините Нур во Хатај се поврзани со нерамен терен кој е тешко да се контролира, поради што на овој терен многу често доаѓа до обиди за премин на терористите.
ПЈД/ПКК преку оваа територија ги провлекува милитантите, оружјето и муницијата, и на тој начин ги храни терористите на ПКК на подрачјето на Турција. Терористите од Африн многу чество вршат провоцирачки истрели кон турските градови Килис и Хатај.
Според информациите од безбедносни извори, терористите на тој регион префрлуваат противтенковски мини, минофрлачи, митралези DShK, Калашников, американски M-16 и друг вид на оружје и муниција.
Она што е значајно да се нагласи е дека меѓу вооружувањето кое САД од јуни 2016 година па наваму им го обезбедува на терористите на ПЈД/ПКК, се наоѓа и FGM-148 Javelin, американски противоклопен ракетен систем. Турција во повеќе наврати упати барање до САД за купување на овој систем, но САД тоа не го дозволи.
Одредени извори од Сирија наведоа дека во текот на минатата недела САД на терористичката организација им испорачале одбранбени воздушни ракети, кои ќе ги користи против Турција.
Еден дел од наводните антитерористички единици под имињата ХАТ (HAT) и ЈАТ (YAT), кои ПЈД/ПКК ги користи во акциите во градовите Хасека, Рака и Деир ез-Зор, се обучуваат токму во Африн.
Пред 15 дена, најмалку 50 припадници на ХАТ, кои ги обучи САД, влегоа во Африн, а од Мунбич во Африн преминаа најмалку 100 терористи.