Sinan Özmüş,Sabri Kesen
27 Јули 2016•Ажурирај: 28 Јули 2016
МУГЛА (АА) - На подрачјето на градот Мугла голем број на припадници на безбедносните сили трагаат по дессете пучисти лојални на терористичката организација Фетулачи паралелни државни структури (ФЕТО ПДЈ) кои учествуваа во обидот за атентат на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Фотографиите на десетте пучисти кои се наоѓаат во бегство се поделени на припадниците на безбедносните сили, а потрагата е продолжена и се спроведува со цел нивно пронаоѓање и лишување од слобода. Се претпоставува дека по обидот за атентат на Ердоган побегнале во околните шуми во близина на населбата Ула.
Поддршка на припадниците на безбедносните сили за време на потрагата пружаат и воените хеликоптери и морнарици.
- Огромна количина на оружје -
За обидот за атентатот на Ердоган кој пучистите се обидоа да го извршат во ноќта 15 јули со нападот на хотелот во кој турскиот претседател престојувал со семејството, користени се 22 пушки ХК 416, една пушка од типот М4, шест ракетни фрлачи и 22 проектили, пет пиштоли со марка Барет, пиштол марка Сиг Сауер, пиштол марка Глок, 3,874 куршуми за автоматски и полу автоматски пушки, 688 куршуми за пиштол, 11 рачни бомби, 15 снајперски дурбини, седум дурбини за ноќни нишани, 20 панцири, седум пластични лисици ...