Sibel Uğurlu
02 Март 2017•Ажурирај: 03 Март 2017
АНКАРА (АА) - Бројот на бракови меѓу турски мажи и сириски жени е зголемен за 82 отсто во 2016 во однос на 2015 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците објавени денес од страна на Институтот за статистика на Турција (TurkStat) во 2016 година, бројот на сириските невести изнесувал 6.495, во споредба со 2015 година, кога бројот изнесуваше 3.569.
Генерално, бројот на транснационални бракови е зголемен за 17,8 отсто во периодот меѓу 2015 и 2016 година, односно бројот на странски невести се зголеми за 20 отсто.
Вкупниот број на бракови во 2016 година во Турција изнесува 594.493.
Бројот на браковите со странски невести е проценет на 22.583.
Бројот на странските младоженци изнесува 3.777 (за 5,9 отсто зголемен во однос на 2015 година) од кои 377 се Сиријци.
Турција е домаќин на три милиони сириски бегалци.
Број на невести според националност во 2015 и 2016 година во Турција:
| Националност | 2015 | 2016 |
| Турција | 584,168 | 571.910 |
| Сирија | 3.569 | 6.495 |
| Германија | 2.695 | 2.644 |
| Азербејџан | 1.653 | 2.170 |
| Русија | 1.522 | 1.445 |
Број на младоженци според националност во 2015 и 2016 година во Турција :
| Националност | 2015 | 2016 |
| Турција | 599.416 | 590.716 |
| Германија | 1.368 | 1.338 |
| Австрија | 282 | 291 |
| Сирија | 241 | 377 |
| Англија | 142 | 131 |