Sinan Uslu
10 Ноември 2017•Ажурирај: 11 Ноември 2017
АНКАРА (AA) - Најмалку 96 припадници на терористичката организација ПКК беа неутрализирани во текот на антитерористичките акции на Вооружените сили на Република Турција (ТСК) спроведени на 3. ноември на северот на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Од ТСК се споделени информации за антитерористичките активности на турската војска на северот на Ирак. Ден откако се започнати акциите, издадено е соопштение во коешто се вели дека се неутрализирани 27 терористи, а според последните податоци, бројот на неутрализирани терористи е зголемен на 96.
Исто така, се истакнува дека во текот на акциите на северот на Ирак, кои сѐ уште траат, во регионот Бестлер Дерелер е запленета и уништена значителна количина импровизиран експлозив и мини.
Во текот на акциите се неутрализирани терористи кои се подготвувале да изведат терористички напади во близина на границата со Турција.