Semra Orkan,Etem Geylan,Murat Eğilmez
22 Декември 2016•Ажурирај: 23 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека терористичките организации настојуваат да го убијат секого кој ќе им застане на пат, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција минува низ еден од најтешките периоди во историјата во контекст на борбата против тероризмот. Терористичките организации, кои длабоко влегле во крв и омраза, ќе настојуваат да да ја убијат, повредат човечката душа и да го заплачат секого кој ќе им по попречи патот", рече Ердоган пред почетокот на „Натпреварот во чест на шехидите” кој вечерва се игра на Водафон Арената во Истанбул.
„Верувам дека заедно, полицијата, војската и целиот народ ќе го победат тероризмот”, истакна претседателот Ердоган.
Ердоган пред почетокот на натпреварот отиде на травникот каде се фотографираше со фудбалерите кои вечерва играат, како и со припадниците на полицијата кои беа на стадионот и потоа го изведе и почетниот удар.
На вечерашниот натпревар кој се игра во знак на сеќавање на жртвите кои страдале во терористичките напади во Турција ќе настапат домашни и странски фудбалери и тренери од 18 клубови на турската Спор Тото Супер Лига.
Сите приходи од влезниците ќе бидат доделени на семејствата на жртвите на терористичките напади во Турција.