Kemal Karadağ
08 Септември 2020•Ажурирај: 08 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во воздушна операција во регионот Метина, во северен Ирак, неутрализирани се 4 терористи на ПКК, кои се подготвувале за акција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, Министерството наведува дека операциите против терористичката организација ПКК одлучно продолжуваат.
„Во воздушна операција во регионот Метина, во северен Ирак, неутрализирани се 4 терористи на ПКК, кои се подготвувале за акција“, се нагласува во соопштението на Министерството за одбрана.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е нејзин сириски огранок.