Orhan Onur Gemici
20 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Најмалку двајца припадници на терористичката организација ПКК неутрализирани се во операција спроведена во југоисточниот дел на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за внатрешни работи на Турција е наведено дека припадниците на специјалните сили и жандармеријата извршиле антитерористичка операција на планината Џуди, во југоисточната област Ширнак.
За време на операцијата, во која е пружена поддршка од воздух, неутрализирани се најмалку двајца припадници на ПКК. Акцијата во регионот продолжува.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.