Турција

Германскиот канцелар Шолц вети поблиски одбранбени врски со НАТО-сојузникот Туркије

- Туркије е сојузник во НАТО и во тој контекс носиме одлуки кои водат кон конкретни испораки. Неодамна донесовме такви одлуки, а во иднина ќе има уште, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференцијата со претседателот Ердоган

Ayhan Şimşek  | 19.10.2024 - Обновена : 19.10.2024
Германскиот канцелар Шолц вети поблиски одбранбени врски со НАТО-сојузникот Туркије Фото: АА

ИСТАНБУЛ (АА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц за време на неговата посета на Истанбул денес вети дека ќе ја зајакне одбранбената соработка со НАТО-сојузникот Туркије, известува Анадолу.

Говорејќи на заедничката прес-конференција по средбата со турскиот претседател, Шолц потврди дека неговата влада неодамна одобрила испорака на одредено оружје и воена опрема за Туркије.

„Туркије е сојузник во НАТО и во тој контекс ние носиме одлуки кои водат до конкретни испораки - тоа се подразбира. Неодамна донесовме такви одлуки, а ќе има уште во иднина“, рече Шолц.

Запрашан во врска со интересот на Туркије за купување на авионите „Еурофајтер Тајфун“, Шолц рече дека во моментов се водат разговори меѓу Велика Британија и Туркије за потенцијална продажба.

„Има проекти кои се само во почетната фаза. Овој што го споменавте го води британската влада. Преговорите сега започнаа. Во таа смисла, тоа е нешто што ќе продолжи да се развива", рече Шолц и додаде:

„Воените авиони 'Еурофајтер Тајфун' се заеднички производ на Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија. Вклученоста на Германија во производствениот процес изискува нејзино одобрение за конечно да продолжи продажбата.“

Германската продажба на оружје на Туркије во последниве години беше во голема мера блокирана од Партијата на зелените, коалициониот партнер на канцеларот Шолц, поради внатрешно-политички притисоци и различните ставови за надворешната политика.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın