Cüneyt Çelik
26 Март 2019•Ажурирај: 27 Март 2019
КАРС (АА) – ЏУНЕЈТ ЧЕЛИК -
Млекарница во селото Богатепе во Карс, која постои веќе 139 години, од страна на жителите е обновена како Музеј на сирење. Музејот привлече голем интерес на локалните и странските туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Млекарницата била изградена во 1880 година, и долго време била некористена. Била позната по производство на сирењето „гриер“. Под водство на Здружението за животна средина „Богатепе“, граѓаните ја обновиле млекарницата и ја претвориле во музеј.

Во музејот се изложени предмети наменети за производство на сирење како што се вагата libre (libre - тежина мерка од половина килограм), садови за сирење и за складирање, апарати за производство на „гриер“, буре за квасец и калапи за сол. Целта на музејот е одржување и промовирање на културното наследство.
Музејот особено го посетуваат туристите кои во регионот доаѓаат со Источниот експрес.
Претседателката на Здружението, Зумран Омур, во изјава за АА рече дека во нивните истражувања откриле дека во селото има 32 вида сирење.
Омур нагласи дека овој музеј во Богатепе е вториот музеј за сирење во светот од овој вид, а прв во Турција.
„Целта на музејот е 32-та вида сирење и нашата култура да се пренесат на идните генерации“, нагласи Омур.
Таа, нагласувајќи дека музејот работи од 2011 година, истакна: „Минатата година беше промовиран повеќе. Дојдоа голем број домашни и странски туристи. Минатата година музејот го посетија 17.000 туристи. Веруваме дека оваа година ќе ја надминеме бројката од 20.000 туристи, има голем интерес.“

- Музејот ја оживува историјата на сирењето
„Во музејот се оживува историјата на нашите предци. Тука се опишува сирењето, „гриерот“. Исто така се раскажува за тоа како треба да се одржуваат 32-та вида сирење“, рече Омур.
Омур, истакнувајќи дека музејот е во фокусот на интересот на домашните и странските туристи, додаде:
„Во музејот има предмети што се користеле за изработка на сирењето донирани од страна на селаните. Има садови за матење и корпи што се користеле за изработката на сирењето. Има казани кои покажуваат како се произведува сирење. Има приказна за производството на сирењето „гриер“ и кашкавалот. Тука има историја за изгубените видови сирење. Ги очекуваме сите во Богатепе во Карс, на надморска висина од 2.400 метри.“