Şengül Azbay
11 Февруари 2023•Ажурирај: 12 Февруари 2023
ХАТАЈ (АА) - Двомесечно бебе е спасено од урнатините на зграда во турскиот град Хатај по разорните земјотреси што во понеделникот ги потресоа јужните провинции на Туркије, известува Анадолу.
Спасувачките екипи во трка со времето ја продолжуваат потрагата во регионите погодени од разорните земјотреси.
Припадниците на противпожарната екипа на турскиот град Коџаели детектираа глас под урнатините на зграда во Антакија, во Хатај, по што ги интензивираа напорите за пребарување и спасување.
По неколку часа, од урнатините успешно е извлечено бебе старо околу два месеца.
Бебето по спасувањето со возило на итната помош е префрлено во болница.
„Во земјотресите на југот од Туркије загинаа 21.848 лица, а спасени се 80.097 повредени. Во подрачјата погодени од земјотресите, заедно со екипите од други земји, активни се 160.000 спасувачи, медицинари и друг персонал“, соопшти претседателот Ердоган.