Özcan Yıldırım
15 Август 2022•Ажурирај: 17 Август 2022
АНКАРА (АА) - Техничка делегација од Министерството за одбрана на Туркије, на покана на САД, отпатува во САД за да разговара за модернизацијата и набавката на Ф-16, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението на Министерството се наведува дека во рамки на модернизацијата и набавката на Ф-16 од САД одржани се три состаноци во Туркије и тоа во декември 2021 година и во февруари и март 2022 година.
„Техничката делегација на Министерството за одбрана на Туркије, на покана на САД, отпатува во САД со цел што поскоро да се реализира модернизацијата и набавката на Ф-16“, се наведува во соопштението.