Gökhan Ergöçün
30 Септември 2022•Ажурирај: 01 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) ‒ Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека секоја глобална криза потврдила дека економскиот пристап на Туркије е коректен, реален и здрав, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на Самитот за економска трансформација и нови парадигми во Истанбул, Ердоган рече дека светот се обидува да ги разбере и да се приспособи на новите предизвици што ги носат пандемијата и војната во Украина, но дека Туркије веќе има искуство со овие предизвици.
„Туркије создаде нов пат анализирајќи ги случувањата, можностите и предизвиците во светот и во нејзиниот регион на најдобар можен начин“, рече тој.
Тој додаде: „Неправедните и незаконските политички и економски санкции против нашата земја нѐ принудија да го следиме овој пат.“
„Додека го прави ова, Туркије никогаш не се отцепи од глобалната и локалната реалност, величествената акумулација на економски теории и вековни богати искуства“, рече тој.
„Со механизмите и мерките што ги создадовме, ги спречивме овие замки“, истакна Ердоган.
„Туркије го формира својот економски модел заснован на раст со инвестиции, производство, вработување, извоз и вишок на тековната сметка“, рече тој.
„Додека светот претрпува негативни стапки на раст, па дури и рецесија, Туркије ќе продолжи да расте благодарение на својата програма“, додаде тој.
„Се истакнавме со нашата силна инфраструктура, квалификувани млади човечки ресурси и флексибилни деловни модели против нарушувањата во традиционалните синџири на производство и снабдување во светот“, изјави Ердоган и додаде:
„Се движиме чекор по чекор кон целта да ја поставиме нашата земја меѓу првите 10 економии во светот.“