Özcan Yıldırım
06 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Anadolu Agency (AA), денес го зазема местото меѓу реномираните агенции, не само во Турција туку и во светот.
Ердоган упати порака со честитки по повод 97. годишнина од работата на агенцијата, до генералниот директор на АА, Шенол Казанџи.
Во честитката, Ердоган потсети на раните почетоци на Агенцијата и додаде дека во текот на развојот на земјата таа успеа точно и целосно да го извесутва населението.
„Аnadolu Agency денес не зазема место само меѓу реномираните агенции во земјата, туку и во целиот свет. Нашата национална агенција којашто своите услуги ги нуди придржувајќи се до принципите на непристрасно и брзо известување и која е сигурен извор на информации за нашата нација, во земјата носи и функција на образовна институција кога станува збор за известување“, напиша претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во својата честитка.
Ердоган посочи дека АА успеа да го задржи чекорот во брзиот развој во комуникациската технологија и во проширување на секторот на дејствување и зајакнување на мрежата надвор од границите на Турција.
„Со целото мое срце верувам дека нашата национална агенција ќе продолжи да работи успешно и понатаму ќе биде гласот на нашата земја“, напиша Ердоган во честитката.