Турција

Ердоган: Бевме на вистинската страна на историјата застанувајќи против угнетувачите, на страната на угнетените

„По 61 година мрак, во Сирија почна да се појавува зората на слободата“

Orhan Onur Gemici  | 20.12.2024 - Обновена : 21.12.2024
Ердоган: Бевме на вистинската страна на историјата застанувајќи против угнетувачите, на страната на угнетените Фото: Mehmet Ali Özcan/AA

МАРДИН (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Туркије е на вистинската страна на историјата, застана против угнетувачите и на страната на угнетените и додаде дека времето ќе покаже дека била во право и по другите прашања, јавува Анадолу.

Турскиот претседател се обрати на 8. редовен конгрес на владејачката турска Партија на правдата и развојот (АК Парти) во Мардин и во таа прилика истакна дека регионот минува низ важен период и ја коментираше ситуацијата во соседна Сирија во контекст на неодамнешниот пад на режимот на партијата Баас и семејството Асад.

„По 61 година мрак, во Сирија почна да се појавува зората на слободата“, порача Ердоган, додавајќи дека сириските браќа се молат за благосостојба на Туркије.

Ердоган, исто така, рече дека Туркије никогаш не го остави сирискиот народ на неговата судбина, дури ни кога целиот свет му сврте грб, со исклучок на неколку земји.

„Бевме на вистинската страна на историјата, застанавме против угнетувачите и покрај угнетените. Нека знае народот дека времето ќе покаже дека сме биле во право и за други прашања“, рече Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın