Elif Küçük,Mustafa Hatipoğlu
09 Октомври 2022•Ажурирај: 09 Октомври 2022
БАЛИКЕСИР (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Туркије во изминатите 20 години особено внимание им посветила на образованието, здравството, правдата и безбедноста, известува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган вчера во турскиот град Баликесир присуствуваше на церемонијата за свечено отворање на неколку инфраструктурни објекти, вклучувајќи и индустриска зона и брана.

Потсетувајќи дека Туркије во изминатите 20 години особено го истакнала значењето на образованието, здравството, правдата и безбедноста, Ердоган продолжи со зборовите:
„Подоцна овие четири главни сектори ги засиливме со транспортот, енергетиката, земјоделството и надворешната политика. Туркије напредуваше до ова ниво благодарение на четирите главни сектори што ги споменав.“
Претседателот на Туркије додаде дека особено внимание посветиле на инвестирањето во секторот на образованието.

„Само во овој сектор отвораме 71 различна образовна инвестиција, од градинка, средни училишта до универзитети“, рече Ердоган.
Тој се осврна и на растот на цените во земјата, напоменувајќи дека турската власт и на тоа поле ќе им даде поддршка на граѓаните.
„Се бориме со флуктуација на цените и затоа се обидуваме да ги зголемиме приходите на нашите граѓани според новото ниво на цени“, рече претседателот на Туркије.

Ердоган истакна и дека многумина имаат зборови со пофалба за економската програма што ја имплементирала турската власт.
„Сите важни институции и актери на глобалната економија почнаа да даваат изјави кои ја потврдуваат и ја препорачуваат економската програма што ние ја имплементиравме“, рече Ердоган.