Mikail Bıyıklı
22 Март 2025•Ажурирај: 23 Март 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул на средба ја прими претседавачката на Претседателскиот совет на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, јавува Анадолу.
Состанокот, кој се одржа во претседателската палата Долмабахче во Истанбул, беше затворен за медиумите, соопшти турското Претседателство.
Посетата на Цвијановиќ на Туркије доаѓа во време на сериозна политичка криза во Босна и Херцеговина, и на само седум дена по посетата на нејзиниот колега, членот на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ на Истанбул.
Политичката криза во БиХ уследи откако Судот на БиХ на крајот на февруари донесе пресуда за претседателот на босанскохерцеговскиот ентитет Република Српоска (РС), Милорад Додик, за една година затвор и шестгодишна забрана за вршење на функцијата претседател на РС, поради „непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ“.
Обвинителството на БиХ издаде налог за приведување на Додик, како и на премиерот на РС, Радован Вишковиќ и на Ненад Стевандиќ, спикерот на Собранието на ентитетот.