Mümin Altaş
02 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, утре ќе престојува во официјална посета на Украина по повод учеството на 8. состанок на Стратешкиот совет од високо ниво меѓу Турција и Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Одделот за комуникации при турското Претседателство, на овој состанок кој ќе се одржи во Киев под водство на претседателите на Турција и Украина, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Зеленски, ќе се разговара за билатерални и регионални прашања. На овој состанок ќе учествуваат и надлежните министри на двете земји.
На состанокот ќе се разговара и за состојбата на Татарите на Крим, како и за новите можности за соработка во насока на продлабочување на стратешкото партнерство со Украина.
Се предвидува дека Ердоган и Зеленски ќе се состанат со бизнисмените во рамки на Бизнис-форумот Турција - Украина.