Tutku Şenen
06 Февруари 2016•Ажурирај: 07 Февруари 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше западните земји за снабдување на оруженото крило на ПКК во Сирија (ЈПГ) со оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Во завршниот говор на Светскиот Туристички Форум во Истанбул, Ердоган рече дека активностите на одредени терористички групи во Ирак и Сирија, како што е Курдската Демократска Унија (ПЈД), се игнорираат.
„ПЈД под чија контрола е планината Кандил (каде што ПКК основаше седиште при повлекувањето од Турција) е поддржана и штитена (од западните земји) кои го игнорираат етничкото чистење што го врши ЈПГ во регионот, нивните терористичките активности и соработката со сегашниот режим”, рече Ердоган.
Турскиот претседател рече дека мета на ПЈД, и нејзиното воено крило ЈПГ, е секој кој не размислува како нив и кој не им се приклчува.
Борците за човекови права утврдија дека илјадници локални жители се принудени да ги напуштат своите домови а селата се срамнети со земја од страна на борците на ЈПГ.
„Нивната цел не е да ги водат нашите браќа Курди. Напротив, тие претставуваат проблем за нашите браќа Курди”, рече Ердоган.
Тој додаде дека организациите како ПКК, ПЈД и ЈПГ како и ДАЕШ, нема да постигнат успех со нивните крвави напади.
„Ние ќе продолжиме да се бориме заедно, рака за рака, рамо до рамо со турската армија, турската полиција и нашите селски старешини”, додаде Ердоган.
ПКК, која се смета за терористичка организација од страна на САД и ЕУ, ја продолжи својата 30-годишна вооружена кампања против турската држава во јули 2015 година.
Но, САД, огранокот на ПКК во Сирија (ПЈД) го сметаат за „доверлив партнер” во борбата против ДАЕШ.
Турција, сојузник на НАТО, ја смета групата за терористичка.