İlhan Toprak
23 Декември 2016•Ажурирај: 23 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, вчера учествуваше во гласањето по повод избор на „Фотографија на годината ” на Anadolu Agency (AA) за 2016 година, јавува Anadoly Agency (AA).
Турскиот претседател гласаше за три фотографии во категориите „вести”, „живот” и „спорт”
Во категоријата „вести” , Ердоган гласаше за фотографија насловена „Митинг за демократија и шехидите” на авторот Кајхан Озер, а која е направена за време на митингот одржан по обидот за пуч во Турција во истанбулскиот кварт Јеникапи.
Во категоријата „ живот”, турскот претседател гласаше за фотографијата насловена „Одговор на апелот на девојчето за помош на нејзиниот татко”, од авторот Џема Генче, кој ја направи фотографијата во Идлиб.
Ердоган во категоријата „ спорт” гласаше за фотографијата под назив „Шенол Ѓунеш" од авторот Булент Дорук, а која е направена во моментите кога тренерот на Бешикташ, Шенол Ѓунеш ја прославуваше победата на Османлиспор и титулата првак на Турција, недела дена пред крајот на сезоната.