Hande İlbeyi Canca
11 Март 2016•Ажурирај: 12 Март 2016
БУРДУР (AA) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денес во Бурдур, југознападна Турција, изјави дека "нашите сестри со марамите или без нив се злоупотребени во текот на доаѓањето на полицијата" пред зградата на дневниот лист "Заман", пренесува Anadolu Agency (AA).
"Замислете, доаѓа полицијата, а полицајците ги дочекуваат жени како некој вид бариера. На ист начин, нашите сестри, со марама или без неа се злоупотребени на изборите порано за да биде помогнат ПКК", рече Ердоган во Бурдур.
Турскиот претседател потсети дека пред доаѓањето на принудниот урпавник во дневниот весник "Заман", од зградата се изнесени повеќето материјали и архивата, "што покажува дека криминалните структури биле запознаени со евентуалното доаѓање на полицијата пред полицијата да тргне".
Државниот обвинител Хади Салихофлу во врска со неодамнешните случувања пред зградата на весникот "Заман" , откако контролата врз него ја преземаа властите, изјави дека не постојат докази дека силите на жандармеријата користеле прекумерна сила.
"Силите на жандармеријата во улицата пред весниот првин ги предупредија собраните да се разотидат. Откако собраните не ги испочитувале предупредувањата, жандармеријата користеше пропорционална сила и со вода ги растера собраните. Во таа прилика неколку лица, во момент на бегање, паднаа на тлото и добија полесни повреди. Не постои ниту еден доказ дека силите на жандармерија користеле прекумерна сила и предизвикале насилство", рече Салихоглу.
Додаде дека челниците на весникот "Заман" дознавајќи дека контролата над нив ќе ја преземат турските власти, ги повикаа постарите лица и жените со марами да се соберат пред зградата на истанбулскиот весник.
Пред зградата во која се наоѓа редакцијата на тој лист во петок и сабота се собраа демонстранти.
Судот во Истанбул на 4 март одреди принуден управител на дневниот лист "Заман" поврзани со движењето на Фетулах Ѓулен. Спомнатиот лист се доведува во врска со случајот на "паралелните структури" односно со терористичката организација ФЕТО или движењето попознато како Хизмет, на чело со Ѓулен.
Инаку, Обвинителството во Истанбул побара во март минатата година од слобода да биде лишен Фетулах Ѓулен, лидерот на движењето кое обвинителството го терети за повеќе незаконски активности. Турските власти побараа на втори февруари од САД укинување на "зелениот картон" на Фетулах Ѓулен, на кого на 28 јануари 2015 година по основ "давање лажен исказ" му е поништен турскиот пасош. Турција порано израде потерница за Ѓулен, обвинет за водење на криминална организација и обид за државен удар со цел рушење на владата на чело со Реџеп Таип Ердоган, тогашниот премиер, а сегашен претседател на турската држава.
Со посредство на Министерството за надворешни работи, Турција од САД побара изручување на Ѓулен поради процесуирање пред турското правосудство.