Enes Kaplan
15 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во своето обраќање на церемонијата што се одржа во Анкара по повод одбележувањето на 16-годишнината од основањето на Партијата на правдата и развојот (AKP) истакна дека власта доаѓа преку напорна работа и големи одрекувања, јавува Anadolu Agency (AA).
„Политичката арена е арена на храбрите. Ако сакате успех, особено ако сакате власт, тогаш ќе работите, ќе вложите напори и ќе се борите. Од друга страна, не може да ја победите АКП, со тоа што на секој чекор ќе ги лажете сите и за се, и ќе правите различни форми на корупција. Ако имате срце, постапувајте праведно, па на тој пат, што ќе ветите, тоа и ќе го направите“, рече Ердоган.
Тој истакна дека АКП заедно со народот успеа да ги совлада припадниците на терористичката организација ФЕТО.
„Заедно со народот успеавме да ги победиме терористите на ФЕТО“, рече Ердоган.
Тој нагласи дека официјалните претставници на АКП работат напорно за Турција да ја направат силна и развиена држава.
„АКП е партија која деноноќно работи со цел Република Турција да ја направи силна“, истакна Ердоган во обраќањето на присутните.
Тој истакна дека претставниците од редовите на АКП во претходните години остварија големи успеси во многу области, вклучувајќи го образованието, здравството, правосудството, безбедноста, транспортот, економијата и енергетиката.