Kenan Irtak,Enes Duran
28 Февруари 2017•Ажурирај: 28 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим упатија пораки по повод 6-годишнината од смртта на поранешниот премиер на Турција, проф. д-р Неџметин Ербакан, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган на својот профил на „Твитер“ ја сподели пораката: „По повод 6 годишнината од смртта на 54. премиер на турската Влада, со почит и тага се сеќаваме на нашиот почитуван професор д-р Неџметин Ербакан“.
- Порака упати и премиерот Јилдирим -
Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, преку својот профил на социјалната мрежа „Твитер“, објави порака по повод 6-годишнината од смртта на поранешниот турски премиер Неџметин Ербакан.
Премиерот Јилдирим во пораката напиша: „По повод 6-годишнината од смртта, со тага се потсетуваме на големиот државник, политичар и научник, проф. д-р Неџметин Ербакан, кој остави трага во турската политичка историја“.