Турција

Ердоган: Одредени членки на НАТО толерираат некои терористички организации

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар Јенс Столтенберг разговараа телефонски за операцијата во Африн во Сирија

Semra Orkan  | 17.03.2018 - Обновена : 17.03.2018
Ердоган: Одредени членки на НАТО толерираат некои терористички организации

Istanbul

ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар Јенс Столтенберг разговараа телефонски за операцијата во Африн во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Според наводите од Кабинетот на турскиот претседател, Ердоган истакна дека турските сили ги преземаат сите потребни мерки за да цивилите не бидат жртви.

Додаде дека операцијата „Маслинова гранка" во Африн не е пречка во борбата против ДЕАШ, туку, како што рече Ердоган, таа е нејзин составен дел.

Нагласи дека Турција моментално се бори против терористичките организации ПЈД/ЈПГ, ПКК, ДЕАШ и ФЕТО, напоменувајќи дека е загрижувачки што одредени членки на НАТО се однесуваат толерантно кон некои од овие терористички организации и тврдат дека терористичка закана претставува само ДЕАШ.

Претседателот на Турција порача дека неговата земја и понатаму останува посветена на вредностите на НАТО и духот на сојузништвото.

Столтенберг истакна дека Турција дава многу значителен придонес во рамките на НАТО силите и дека претставува важен сојузник.

Напомена дека НАТО ја дели загриженоста на Турција во поглед на безбедноста, нагласувајќи ја важноста на заедничката борба против тероризмот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.