A. Eda Ünlü Özen
21 Јули 2016•Ажурирај: 21 Јули 2016
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави вечерва во Анкара дека на седниците на Советот за национална безбедност и Советот на министри е донесена одлука за вонредна состојба во времетраење од три месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Истанка дека во склад со Членот 120 од Уставот на Република Турција донесена е одлука да се прогласи тримесечна вонредна состојба, за да во потполност се отстранат сите терористички елементи кои учествуваа во обидот за државен пуч.
Напомена дека турскиот народ со излегувањето пред тенковите, испиша јуначка страна на историјата.
„На пучистите не им беа од корист тенковите, ниту авионите, ниту хеликоптерите, против народот кој со желба и решителност застана во одбрана на својата земја. Народ кој застана во одбрана на иднината и татковината од терористите кои облекоа воени униформи во текот на таа ноќ ја испиша сагата за храбоста", рече Ердоган. Во врска со прогласувањето на тримесечна вонредна состојба Ердоган истакна дека ова воопшто не е одлука против демократијата.
„Оваа одлука воопшто не е против демократијата, правата и слободата. Напротив, оваа одлука има за цел да ги чува и јакне вредностите", рече турскиот претседател додавајќи дека прв пат во историјата на Турција народот го спречил обидот за државен удар.
„Прв пат во историјата на нашата земја самиот народ го спречи обидот за државен удар. Турција, под цена на животот на нејзнините граѓани ја докажа својата посветеност кон демократијата и правната држава", рече Ердоган.
Истакна дека се убиени 246 невини лица во текот на обидот за државен удар. „Бројката на убиените во нападот во текот на обидот за државен удар на цивилите, полицијата и војниците достигна 246 невини лица, додека 1.536 граѓани се ранети", рече Ердоган.
Истакна дека нема зборови со кои ги ја опишал „храброста на браќата кои не ги напуштаа улиците и плоштадите и кои беа на мета на бомбардерите, хеликоптерите и артилеријата".
„Сите наши граѓани, кои дежураат за демократија на сите градски плоштади за да по задушениот пуч порачаат дека веќе никогаш никој нема да тргне по патот на пучот, треба да знаат дека имињата на сите нив ќе бидат испишани со златни букви во историјата", порача Ердоган додавајќи дека Турција покажа најсилна поврзаност на државата и народот во својата историја.
„Турција против обидот за државен удат на 15 јули покажа најсилна поврзаност помеѓу државата и народот во својата историја. Народот беше со државата, а државата со народот. Ниту еден наш жител ниту институција нека не се грижат кога е во прашање демократијата, правната држава, темелните права и слободи. Вонредната состојба која ја прогласи нашата влада е токму целта на заштитата на овие наши вредности", рече Ердоган.
Нагласи дека оние кои ништо не им порачале на европските земји што преземале слични мерки, немаат право да ја критикуваат Турција.
„Оние кои ништо не им порачале на европските земји кои презеле слични мерки по малите терористички настани, кои не можат да се споредат со заканите кои ги доживеа нашата земја, немаат право да ја критикуваат Турција. Сигурно немаат право да ја критикуваат одлуката која ја донесовме. Првин нека водат грижа за себе", порача Ердоган.
Ердоган додаде и дека S&P според сопствени видувања донесува политичка одлука за кредитниот рејтинг на Турција.
„Тие сега, според свои видувања, донесуваат политичка одлука. Во смисла, ако ние ова го соопштиме, можеби ќе запрат инвестициите во Турција. Не трудете се залудно, вие од S&P. И порано слично правевте и не ви тргнуваше од рака, а нема ниту сега", рече Ердоган во својот осврт на намалувањето на кредитиот рејтинг на Турција од страна на S&P.
Истакнувајќи дека Централната банка на Турција веќе даде потребни и јасни соопштувања, Ердоган рече дека на пазарот на Турција нема никакви проблеми со ликвидноста, ниту ќе има.